ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа, власта кубури со мнозинство за законот за Јавното обвинителство

Од:

На неколку дена до распуштањето на Собранието неизвесно е дали законот за Јавното обвинителство ќе ги помине собраниските процедури и ќе биде донесен до 12 февруари.

Опозицијата најави дека нема да го поддржи законот, а власта не се пофали дека го обезбедила потребното мнозинство.

Нацрт- текстот на законот, кој се очекуваше неделава да влезе во собраниска процедура, и денеска не е пристигнат во Собранието ниту, пак, има најава дека ќе пристигне за да почне процедурата за неговото носење.

Последните обиди за договор на предлагачот со опозицијата пропаднаа кога ВМРО-ДПМНЕ побара да се изготви нов закон од експертски тим, кој би го поддржале.

Во меѓувреме, министерката за правда, Рената Дескоска, одржа неколку билатерални средби со помалите партии во обид да обезбеди двотретинско мнозинство.

Таа не даде конкретни информации дали е обезбедено мнозинството за да помине законот, но како што брифираат извори за „А1он“, мнозинството од 80 пратеници е неизвесно затоа што двајца пратеници од независните на ВМРО-ДПМНЕ не дале зелено светло, односно рекле дека нема да го поддржат.

Засега извесна е поддршката за законот од пратениците од ДУИ, Беса, Алијансата за Албанците, како и од СДСМ.

Нашиот извор брифира дека во вакви услови мали се шансите да се заврши постапката за носење за законот пред изборите и, најверојатно, за законот ќе одлучува новото парламентарно мнозинство по изборите во април.

Собранискиот спикер, Талат Џафери, пред неколку дена рече дека нема ништо спорно во процедурата да го стави законот на дневен ред на собраниска седница доколку власта има договор со пратеничките групи и има мнозинство, а овој став го повтори и денес.

Според собраниската агенда, до распуштањето на парламентот остануваат уште два работни дена, на 10 февруари нема закажана пленарна седница, на која би се нашол законот за Јавното обвинителство, а последниот ден, според агендата, е резервиран за носење на протоколот со одложено дејство за членство во НАТО.

На 12 февруари, според договорот на лидерите на политчките партии за датум за избори во април, Собранието ќе се распушти, со што почува периодот пред организирање на изборите.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ