ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

Од:

„Македонското правосудство со 2% доверба од граѓаните никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, дополнително си ја подриваат и така малата доверба и кредибилност. Наместо посветено да работат во интерес на граѓаните и за доследно спроведување на правдата, кој процес нема да трае со години како до сега, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите“ соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката партија велат „Не треба да заборавиме дека македонските правосудни органи се едни од најплатените во регионот и Европа, со 2,3 до 3,2 просечни плати, односно нешто над 100.000 денари па се до над 144.000 денари или од 1700 евра до 2360 евра. Претседател на суд, пак, во Македонија зема околу 180.000 денари или 3000 евра, а за ефикасност и да не зборуваме, далеку под сите европски просеци“.

„За да бидат работите појасни, дека не се проблем примањата туку ефикасноста на нашиот правосуден систем, ќе направиме неколку споредби. Прво ќе почнеме од соседна Србија, каде судиите и обвинителите земаат 2,3 просечни плати, околу 120.000 денари или 2.000 евра, а довербата на граѓаните е 20%. Со ист процент на доверба од 20% во судството се и граѓаните на Хрватска, земја членка на ЕУ и таму нивните правосудни органи земаат плати, приближно, колку нашите претседатели на судови, односно 3350 евра“ е ставот на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат „Словенија е земја со висок процент на доверба во судството од 41%, додека пак платите на судиите се движат од почеток од 107.000 денари или 1738 евра, кои во врвот на кариерата достигнуваат до нешто над 4000 евра. Тука, секако, не треба да ја заборавиме и една од економски најразвиените европски држави, Германија каде довербата на граѓаните во судството е неверојатни 58%, а судиите земаат околу 3300 евра плата или 200.000 денари“.

„Судиите и обвинителите и нивните здруженија во Македонија сега бараат двојно зголемување на платите, со што еден судија би зел околу 160.000 денари или пак претседател на некој суд 360.000 денари. Што би значело, претседател на суд во Македонија би зел 8 просечни плати, а судија или обвинител би зел 3,5 просечни плати. Тоа би било над сите примања кои ги добиваат нивните колеги во Европа со далеку повисока ефикасност и доверба од граѓаните, а кај нас со доверба од само 2%. Затоа повикуваме на разумност“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите