А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не сме прифатиле промена на името, СДСМ е фрустриран од Груевски

by А1он30/05/2016 - 15:13123
Share0

Скопје, 30 мај 2016 (МИА) – Обвинувањата на СДСМ дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го договорил и прифатил промена на името на Република Македонија за оваа партија се показател дека тие се опседнати и фрустрирани од него. Од партијата истакнуваат дека ниту тој, ниту партијата тргувале, ниту пак ќе тргуваат со уставното име на земјата.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Фрустрацијата во СДСМ од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е толку голема што во секое соопштение го спомнуваат по 10 пати, по еднаш за сите изборни циклуси по ред кои ги губи СДСМ од ВМРО-ДПМНЕ, во речиси 11 години. Ниту Никола Груевски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не тргувале ниту ќе тргуваат со уставното име на Република Македонија. Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и непроменети, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

Трговци со националните интереси на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ се секогаш СДСМ и лидерот на таа партија, сеедно кој.

– Поради Црвенковски и Шекеринска настрадаа името и знамето, а Македонија беше територијално прераспределена. Радмила Шекеринска најавуваше дека ќе ја внесе Македонија во ЕУ и НАТО за само 6 месеци по доаѓањето на власт, покажувајќи максимална спремност да ја витка кичмата. Доследен на партиската еластична кичма е и Зоран Заев кој не само што најави јавно дека ќе витка кичма за името и идентитетот, туку и јавно се пазари со луѓе кои сакаат да ја федерализираат Македонија, се вели во ракцијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, „СДСМ секогаш е подготвен на се за, како што посочуваат, да дојде на власт, вклучувајќи го и раскрчмувањето на Македонија и уништувањето на македонското ткиво“.

dpmneimeto

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео