ВМРО-ДПМНЕ: Нелогично е рестораните да работат од вторник, а да има целосен полициски час за продолжениот викенд

Од:

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд.

„Нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд. Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е. Според кои критериуми е донесена ваква препорака?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека сметале дека била престрога мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, и сега кога е празникот Бајрам.

„На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права. Воедно со ваквите мерки СДСМ свесно влегува во провоцирање на тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога.

На овој начин СДСМ директно ја злоупотребува здравствената криза согласно дневно политичките потреби и си игра со чувствата на граѓаните.

Со оглед на тоа дека земјава е на врвот по штетните последици од корона вирусот потребно е суштинско делување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски