ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа да гласа за една изборна единица во замена за шпицен кандидат

Од:

Централниот и извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одбрале лидерот на партијата Христијан Мицкоски да одбере кој ќе биде кандидат за идни министри во техничката влада. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, кажа дека кандидатите избрани од Мицкоски ќе треба да се погрижат да има фер и демократски избори на 12 април. Мицкоски добил поддршка тој да биде мандатар по изборите.

„Комитетите дадоа поддршка на Мицкоски да биде кандидат за мандатар по завршување на изборите на 12 април, на кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува победа. На предлог на кабинетот на Мицкоски беше разрешен соработникот Томислав Димитровски кој во јавноста беше познат по еден немил настан кој што се случи во изминатиот период“, рече Јанушев.

За предлогот на Заев, ВМРО-ДПМНЕ да гласа за една изборна единица, ако сака да добие шпицен кандидат, Јанушев рече дека неговата партија не прифаќа пазарџиска политика.

„Пратеничкиот имунитет на кој се надева, нема да го амнестира од одговорнсот. Ова се сериозни теми кои мора да ги водиме врз основа на принципи и аргументи“, додаде Јанушев.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ рече дека тие имаат кандидати за сите министерски места во техничката влада, но ќе ги кажат по преговорите на лидерската средба.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски