ВМРО-ДПМНЕ: Не е спорна потребата за противпожарна скала, спорно е што е два пати поскапа од таа во Загреб

Од:

„Срамота е што по четири години преспан мандат двајцата градоначалници Петре Шилегов и Филип Темелковски се фалат со чистење на дива депонија, како да изградиле небаре нов булевар, во исто време кога Градот Скопје создава дива депонија во Вардариште. Тоа е сигурна потврда дека ништо друго и ништо сериозно немаат сработено.

Што се однесува до изјавите на Шилегов за противпожарната скала го истакнуваме следното:

Гледаме како мрзеливиот градоначалник милионер Петре Шилегов се пењави да го одбрани неодбранливото. Шилегов не убедува дека неговата скала, е најубавата скала што може да се набави и притоа да се украдат над 900 илјади евра“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов.

„Не е спорна потребата за противпожарна скала, спорно е што таа е два пати поскапа од набавката на иста таква скала со таа во Загреб.

Или пластично кажано, 1.723.621 евра колку што плаќа Шилегов за неговата скала е повеќе од 794.052 евра колку плаќа Загреб за иста таква скала. Разликата е 929.569 евра што отвора сомнеж дека овие пари завршиле во приватни џебови и е злоупотребен градскиот буџет.

Воопшто не држи тврдењето на Шилегов кој сака да објасни дека неговата скала била поскапа зошто имала корпа, фен, сајла, под и токму поради ова таа вреди речиси 930 илјади евра повеќе.

Основаните сомнежи се дека чим од една скала Шилегов краде по милион евра, колку краде од сите други работи?

Градскиот арамија Шилегов наместо да биде патетичен со тврдењата колку е потребна противпожарна скала, ние со согласуваме со истата неопходност, но не се согласуваме со тоа кога истата се набавува, да се крадат скопјани.

Неговото безобѕирно крадење, е навреда на интелигенцијата на граѓаните“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски