ВМРО ДПМНЕ: НАТО е организација каде Македонија ќе ги реализира стратешките интереси

Од:

Опозициската ВМРО ДПМНЕ преку соопштение им го честиташе членството во НАТО на македонските граѓани.

Според ВМРО ДПМНЕ, тоа преставува остварување на нивната стратешка определба и е резултат на исполнети реформи и вложен макотрпен труд на многу генерации претходно.

„НАТО преставува нашиот заеднички бедем и организација каде Македонија може да ги реализира нејзините стратешки интереси.
Реалноста е дека македонските граѓани денес се чуствуваат понижени и обесправени, со огромна потреба од промени кои ќе донесат стабилна иднина, реформи и нов политички израз кој ќе значи промена на сликата за криминал, растечка корупција и воспоставување на политика на принципи и вредности“, пишува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски