ВМРО-ДПМНЕ: Наскоро ќе се вратиме на власт и сите срамни одлуки ќе бидат преиспитани

Од:

„Судот вчера донесе срамна одлука. Судот вчера падна под притисокот на СДС и нивните медиуми, СЈО и политичките случаи кои ти ги сценираат.

Вчерашната одлука на судот го погреба концептот на правна држава. Одлуката за притвор која ја донесоа нема никаква правна основа, туку е партиско политичка нарачка која треба да го означи политичкиот прогон во Република Македонија.

Судот вчера потклекна на притисоците. Судот вчера стана дел од сценариото на СДС и СЈО со кој започна да ги заплашува сите кои не размислуваат како Зоран Заев. Интегритетот и независноста на судството е доведено во прашање.

Целта на овој притисок е јасна, да се заплашат сите оние кои се подготвени да се спротивстават на престојното распродавање на националните и државни интереси. Пораката на вчерашната одлука е или сите ќе клекнете на колена и ќе се откажете од борбата за Македонија или сите ќе заглавите во затвор.

Им порачуваме, никој нема да го исплашите, особено не тие кои се подготвени да стојат на браникот на државата и нејзините интереси.

Ништо не е вечно. ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе се врати на власт и сите срамни и неправедни одлуки ќе бидат преиспитани, а секој што не работел согласно закон, туку под политички диктат ќе сноси одговорност“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски