ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Од:

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата одговорно тврди дека сите одлуки предложени од страна на Арсовска до Советот врзани со Комунална хигиена се прифатени и гласани од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата во рекација на обвинувањата од градоначалничката Данела Арсовска.

– Апелираме да каже која одлука врзана со тековното работење на Комунална хигиена не е изгласана од советниците? Тезата на Арсовска дека овој проблем е намерно создаден е површна, неточна и нелогична: зошто ВМРО-ДПМНЕ во сред изборна кампања би го ставило Скопје во ѓубре, ако се знае дека товарот и негативата ќе одат на сметка на ВМРО-ДПМНЕ? Арсовска треба да одговори зошто не се собира ѓубре? Што се прави со парите кои граѓаните уредно ги плаќаат? Апелираме да се испита и кривичната одговорност на надлежните за ваквиот хаос од кој страдаат скопјани. Ова го прави некој што сака да наштети на ВМРО-ДПМНЕ во изборна кампања, а тоа е тајната коалиција која ја поддржуваше Арсовска и ја раководеше четири години, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски