ВМРО-ДПМНЕ: Народот врие, преку глава му е од неправди, слобода за Уставобранителите!

Од:

„Народот врие, преку глава му е од неправди, слобода за Уставобранителите! Нема ден да нема скандали и криминал.

Владата на Заев е најнеспособната влада до сега, и тој владее само со шиканирање.

Вчера илјадници луѓе излегоа и кажаа НЕ за неправдите на Заев. Народот е незадоволен додека криминалци се на власт, народ лежи во затвор затоа што го бранел Уставот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори заедно со народот за исправање на сите неправди, и одговорност за секој, без разлика за кого се работи.

Даваме целосна поддршка за Уставобранителите.

Потребно е случајот повторно да се отвори и неправедно осудените да добијат шанса да ја докажат својата невиност.

Еден ден неправедно осуден човек е како цела вечност. Не смееме да толерираме неправди“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски