ВМРО-ДПМНЕ: Народот ќе се спротивстави на Сорос

Од:

СДСМ/СОРОС беа поразени во Македонија. Народот на демократски избори ја порази нивната политика на насилство, деструкција и кризи. Сорос беше поразен и во САД. Сведоци сме на обидите вандализмот на СОРОС да стане секојдневие во повеќе земји. Тоа веќе не минува. Граѓаните ги прочитаа скапо платените револуционери. Чадорот веќе не може да ги сокрие и заштити, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат невладините биле финансирани од ФООМ за „поттикнување насилства“ и дека досега се пренесени стотина милиони евра на „сателит организаци“.

„СДСМ е одработувачот на сценаријата на СОРОС, а тие се негови финансиери. Сега сме сведоци на обид нови 9.5 милиони евра да се делат од касата на СОРОС/СДСМ во Македонија. Секој обид овие средства да се употребат за подривање на нашиот правен и уставен систем ќе наиде на соодветен одговор. Народот ќе се спротистави на хулиганите на СДСМ/СОРОС доколку помислат да го реализираат нивното деструктивно сценарио.

Хулиганите на СДСМ/СОРОС преку насилните протести во Скопје, кои на ист начин беа финансирани, повредија 50-тина полицајци и предизвикаа штети тешки милиони евра. Народот својата волја ја искажа на демократски избори. Десороизацијата е неизбежна. Узурпацијата и заложништвото на граѓанскиот сектор и демократијата мора веднаш да прекине. Аболицираниот криминалец Заев заедно со своите пајташи од СДСМ и хулиганите од СОРОС заминува во историјата. Граѓаните не дозволуваат манипулација и деструкција“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски