ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се приведат сите инволвирани, четири месеци се прикриваат трагите

Од:

„Зоран Заев не го прима неговиот пулен и штитеник Боки 13 во премиерскиот кабинет во Владата, туку на фотографиите е Христијан Мицкоски
маскиран во политичар три пати аболициран за криминал.

Боки 13 на аудио снимката кога вели дека Заев е во тек и знае се, односно дека заедно ги менаџираат работите мисли на Христијан Мицкоски кој лажно му се претставувал.

Кога Катица Јанева вели дека после исплатените милион ипол евра се ќе било ОК и нема потреба за грижи, всушност не е Катица, туку Мицкоски кој го прикрил гласот и се претставил како специјален јавен обвинител.

Торбата не е однесена во Влада е се е само монтажа на ВМРО ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Всушност Боки Тредичи само ја прикрива Радмила Шекеринска дека ќе му доаѓала на гости бидејќи таа тогаш била за да добие насоки од ВМРО и Мицковски.

Не е точно дека Ременски, Костадинов и останатите функционери на СДСМ се до гуша во криминалите на Боки 13. Сите нивни фотографии се монтажа исто како и снимката каде што цело СЈО плус Вилма Русковска се поздравуваат со Боки Тредичи.“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на соопштението на СДСМ.

„Луѓе од ВМРО и ги земаат 750.000 евра во кеш на женичката со најскапата идеја во историјата. Вилма Русковска е човек на ВМРО и затоа не ја процесуира истрагата.

Ова е светот во кој што живеат Заев и Костадинов. Да не беше Македонија заглавена во корупција, криминал и сиромаштија ќе беше урнебесно смешно. Вака е трагично“, велат од партијата.

„Толку да се потценува и понижува сопствениот народ е нешто невидено. Русковска ги има сите докази за рекетот уште од април. Наместо да се приведат сите инволвирани, четири месеци се прикриваат трагите. Дури главата на октоподот Зоран Заев , сакаат да го претстават како пријавител, иако тој јасно и гласно ги упатуваше сите кои имале сознанија да ги пријавувале во ЈО.

Четири месеци се обидуваат да ја убедат јавноста дека Боки Тредичи и Зоран Кичеец се толку моќни да рекетираат десетици милиони евра брз ничија поддршка.

Лицемерни и срамни се обидите да се лаже јавноста за некаква професионална и ефикасна истрага.

Ќе одговараат и Заев и Костадинов и сите инволвирани откако ќе се врати правдата во Македонија, а институциите ќе бидат ослободени од слугите на криминалците.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”