ВМРО-ДПМНЕ: Највисока инфлација во Македонија од 1995 година

Од:

Објавата на стапката на инфлација од 10,5% на годишна основа, ги потврди стравувањата дека инфлацијата излезе од контрола.Задоцнетата реакција на носителите на економските политики, недоволната будност на оваа Влада дека треба навремено да се справи со предизвикот на енергетската криза и растот на цените, ѝ донесе на Македонија инфлација каква што не сме имале од 1995 година велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Денес инфлацијата е широко распространета и сите ја чуствуваме. Инфлацијата го јаде животниот стандард на народот. Неуспешното справување на оваа Влада со инфлацијата може да се согледа во фактот што сличната инфлација од 2008 година никој не ја памети. Тогаш, вистинскиот раст на платите, даночните реформи со кои се зголеми расположливиот доход на населението и фирмите, намалувањето на придонесите и многу други успешни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеаја да го задржат животниот стандард на граѓаните и да не ја чуствуваме инфлацијата се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Инфалцијата во март е 4,9 %

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО