ВМРО-ДПМНЕ: Најавата за нов пакет мерки на мафијата на Заев е параван за ново крадење

Од:

„Откако СДСМ го зголеми долгот за 1 милијарда евра и наместо тие пари да одат за поддршка на бизнисот направи брутален поткуп и талибански избори сега срамно најавува нов пакет на мерки.

Впрочем неспособната влада на Заев излажа за мерките и од претходниот пакет каде вети и не исполни викенд без ДДВ, вети и не исполни 150 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија, вети и не исполни бескаматни кредити со 30 проценти грант, вети и не исполни државна гаранција за кредити итн“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветија и не исполнија затоа што парите мафијата на Заев ги крадат.

Ковид кризата им служи за параван за да продолжи Заев и мафијата да крадат. Новите мерки кои ги најавува Заев откако не ги реализираше ниту претходните се ништо друго освен параван за крадење додека јавноста ќе ја лажат дека помагаат.

Едноставно прашање, ја задолжија државата за една милијарда евра, но кому помогнаа? Нека набројат една сфера каде има задоволство и позитивни резултати од преземените мерки“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски