ВМРО-ДПМНЕ: Над 60% од Македонците ќе излезат на референдум

Од:

Договорот со Бугарија е основата за негација на македонскиот јазик, идентите и историја од страна на Бугарија. Врз основа на него се повикува и Протоколот која антимакедонската СДС неодамна го усвои.За да се избориме со неправдите најдобро е да се удри по нејзините корени, а тоа е Договорот со Бугарија кој ги содржи најшовинистичките избливи кон Македонија велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Токму затоа референдумското прашање го напаѓа законот за ратификување на Договорот со Бугарија кој е усвоен во собранието и за кој што правно може да се организира референдум, а не францускиот предлог кој е надлежност на владата и само во еден негов дел се темели на Договорот со Бугарија. Со поништување на договорот со Бугарија се поништува и членот 5 од францускиот предлог, а со тоа и негациите кон Македонија. Референдумот е можност народот да излезе и да го каже својот став, а според нашите истражувања над 60 проценти од Македонците би излегле да гласаат на истиот. Затоа е важно, власта да не го опструира бидејќи народот е тој кој што треба да одлучи сњ вели во соопштението од опозициската партија

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче