(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: На Жерновски приоритет му се неговите и партиските, наместо интересите на граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ смета дека на градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски врвен приоритет не му се граѓаните и нивните потреби, туку неговите и интересите на неговите сопартијци.

– Андреј Жерновски се уште нема направено ниту еден значаен проект за граѓаните на Центар, но тоа не му сметаше во општина Центар да вработи 23 свои сопартијци. Впрочем затоа парите кои беа предвидени за изградба на училиште во Капиштец, тој ги пренасочи за нови привремени, овојпат партиски, вработувања. Да биде скандалот поголем, овие вработувања не се во нормалната законска постапка, со распишан конкурс на кој ќе може да се пријават сите невработени граѓани, туку се директна и лична одлука на градоначалникот Жерновски. Тоа значи дека не може секој граѓанин да се вработи во општина Центар, туку мора да е член на ЛДП или СДСМ или да е личен пријател на Андреј Жерновски, рече на денешната прес-конференција Томислав Лазаров, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Ова  зголемување на администрацијата за околу 20 проценти, додаде тој, доаѓа во време кога Жерновски се жали дека нема средства да ги реализира основните проекти од значење на граѓаните на Центар.

– Тој во својата општина ја вработи неговата сопартијка Роза Кареска Топузоска, доскорешен пратеник од Прилеп. Во општината тој најде место за самопрогласените  независни новинарки Катерина Арсовска од А1 и Офелија Ивановска од Фокус. Тие што мислеле дека ова се назависни новинарки денес,  имаат имаат силен аргумент да се чуствуваат излажани. Овие новинарки очигледно во изминатиот период наместо со објективно новинарство се занимавале со рекламирање на Андреј Жерновски, рече Лазаров.

Во Општина Центар, посочи, како нововработени се водат и Соња Николовска, Душан Велиновски и Бисера Јакимовска сите членови на неговата Либерлно Демократска Партија.

– Освен нив во општина центар во секторот за инспекциски надзор се вработени Дејан Тодоровски, Кети Штерјова и двајцата бивши советници од СДСМ во претходниот состав на Советот. Како што вели неговиот опозициски лидер Зоран Заев, ќе влегуваме од хигиеничарка па до министер, така направи и Андреј Жерновски. Не само што ги вработи своите активисти, туку почна да вработува и нивни роднини. Така откако го вработи Дејан Тодоровски,  вработи и негов близок член на семејството. Очигледно зборовите и заканите на Зоран Заев се применуваат на дело во Општина Центар, рече Лазаров

Според него, поалармантна е ситуацијата во ЈП Паркинзи Општина Центар, каде новоназначеното раководтсво вработува исклучиво кадри од активистите на двете партии ЛДП и СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски ја призна конекцијата со мешетарот Еисин и после се сокри од јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

ВМРО-ДПМНЕ: Во програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на нови 55.000 работни

Горан Наумовски