ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и Филипче не им е важно здравјето на граѓаните, туку корона изборите во Штип и Пласница

Од:

„На Заев и Филипче не им е важно здравјето на граѓаните, туку корона изборите во Штип и Пласница. За нив е поважно да туркаат на сила избори и да го загрозат здравјето на граѓаните од тоа да им помогнат.

Неспособноста на Заев и Филипче закопа уште 21 лице од корона за едно деноноќие според статистиката на министерството за здравство.

Бројката на вкупно заразени надмина 50 илјади лица, а бројката на починати е скоро 1.400. Активни случаи се речи 20 илјади, или десет пати повеќе од проценката на Филипче. Тој велеше ќе има околу две илјади заразени“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Погрешни проценки, задоцнети и несоодветни мерки. Македонија поради Филипче и Заев руши црни рекорди. Дали Заев и Филипче сеуште гарантираат дека има услови за избори во Штип и Пласница?

Наместо Филипче да се обидува да го прикрие смртниот случај во Штип на пациент кој молел за кислород а не го добил и да го штити сопартиец и директоро на болница и тогаш дежурен на смена Ален Георгијев да се засрами ибда си поднесе оставка.

Оставката на Филипче не е само морален чин туку и нужен. Оставката на Филипче ќе з ачи спас на други човечки животи“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски