ВМРО-ДПМНЕ: МВР и СДС да не лажат, и да кажат зошто со потпис на Спасовски, Бесфор Аме е назначен на командирска позиција во РЦ Запад, во ГП Блато

Од:

МВР и СДС да не лажат. Спасовски со свој потпис го назначил Бесфор Аме на командирска позиција во РЦ Запад, на ГП Блато. Бесфор Аме е полициски службеник, кој пред десетина години е осуден како дел од аферата „Милка“, за криумчарење добиток. Бесфор Аме бил и во притвор, а потоа со правосилна судска пресуда е осуден на 3 ипол години затвор велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Бесфор Аме го извршил кривичното дело криумчарење од позиција на полициски службеник, од командирската позиција, на која сега повторно е поставен со потпис на Спасовски. Бесфор Аме нема да причинел кривично дело криумчарење, доколку истиот не бил на командирска позиција, истата таква позиција на која сега е поставен со потпис од Спасовски. Тогаш медиумите објавија дека полициските службеници, меѓу кои и Аме земале по 3.5 евра од килограм добиток, за истите да ја договорат патеката. Од чиста етичка и морална природа не е добро да се врати полициски службеник на место каде имал сомнение за сторен криминал, а не пак и осуден на истото место. Дали истиот се вратил за да продолжи со криминалот. Но за Спасовски тоа не е ништо ново, тој 6 години од МВР направи институција за заштита на криминалот. Едноставно е тоа што било возможно криумчарењето пред десетина години е благодарение на Бесфор Аме. Спасовски да каже зошто го назначил Бесфор Аме на командирска позиција. И веднаш да го разреши од позицијата дел од РЦ Запад, во ГП Блато се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба