ВМРО-ДПМНЕ: Мрзеливиот Жерновски е убедливо најслабиот градоначалник со најголем буџет

Од:

„Мрзеливиот Андреј Жерновски ги заборави и не ги реализираше своите проекти и ветувања кои ги даде во 2013-та година, а беа содржани во неговата предизборна програма.

Жерновски е единствениот градоначалник кој нема ништо сработено во својот мандат, кој ќе биде единствено запаметен како градоначалник кој за уредување на две улички има потрошено рекордни 1.2 милиони евра, пари на граѓаните на Општина Центар.

Мрзеливиот Жерновски е убедливо најслабиот градоначалник, иако има најголем буџет.

Денес од тука би сакале да го потсетиме Жерновски на сите лажни ветувања кои ги даде пред граѓаните на Општина Центар, а можеше да ги реализира со овие 1.2 милиони евра.

Го потсетуваме Жерновски дека најавуваше, а никогаш не исполни:

– Изградба на ново училиште во Капиштец и тоа во првата година од мандатот, но поминаа веќе 4 години, а училиште се уште нема.
– Поставување на енергетско ефикасни фасади на основните училишта.
– Изградба на безбедни училишни премини и обезбедување персонал за безбедно поминување на учениците.
– Ветуваше, бесплатни правни совети, бесплатна достава на прехранбени продукти, бесплатна достава на лекови, ништо од ова не оствари.
– Субвенциоирани спортски курсеви за заинтересираните ученици во повеќе популарни спортови.

Ова се само мал дел од проектите кои што на големо беа најавувани од мрзеливиот Жерновски, но никогаш не беа реализирани. Наместо реализирање проекти тој реши да си прави боемски улици и забави за свои потреби.

На граѓаните на Општина Центар не им треба градоначалник кој единствено се грижи за организирање забави со тамбураши и прескапи Ди-џеи. На центарци им требаат нови училишта, нови градинки, нови улици, нови паркинзи и други реални проекти со кои ќе им се подобри животот.

На ваквото недомаќинско и неодговорно работење на Жерновски за многу брзо ќе му дојде крај“, изјави Ирена Попова.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски