ВМРО-ДПМНЕ: Месечна парична помош за уште 88 деца со Даунов синдром

Од:

Со предложените промени на Законот за заштита на децата, што се во собраниска процедура, ќе се овозможи уште на 88 деца категоризирани со Даунов синдром да остварат месечна парична помош, рече денеска на прес-конференција Александар Стојкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, според Стојкоски, има цел подобрување на финансиската состојба на материјално необезбедените родители корисници на социјална парична помош и постојана парична помош кои имаат дете со специфични потреби кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот до 26 години живот, со зголемување на износот на посебниот додаток за 25 проценти.

Според Стојскоски, со законските измени ќе се зголеми квалитетот на живот на децата со Даунов синдром односно за родителите на овие деца ќе се обезбеди дополнителна помош од државата.

– Освен зголемувањето на финансиската помош за 25 проценти за децата со Даунов синдром како дополнителен проект се воведе и бесплатното пливање за овие деца кое треба да овозможи подобрување на психофизичката активност и развивање на спортските вештини на овие деца, како и унапредување на нивниот севкупен развоен потенцијал, наведе Стојскоски.

Со предложените промени на Законот, укажа, ќе бидат опфатени 1.030 материјално необезбедени родители приматели на посебен додаток. Од нив 919 се корисници на социјална парична помош и 111 се корисници на постојана парична помош.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања