ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ за едно гоштевање платил 17 илјади денари, скоро една плата со која некое семејство живее цел месец

Од:

Бојан Маричиќ министерот на заевизмот само за едно гоштевање платил 17 илјади денари, народни пари. Тоа е една месечна плата со која преживува едно македонско семејство цел еден месец. Тоа говори за лицемерието и раскалашеноста на власта. Бараат од граѓаните да го стегаат ременот, а тие ги јадат народните пари велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Како што беше информирана јавноста, за една година Маричиќ потрошил над 313 илјади денари за ручеци. Било јадено пастрмки, бифтеци, шницли, јунешки мускул во сос, па се залевало со жестоки појалоци, мастики, узо, сортни вина итн се во реномирани и ексклузивни ресторани. Кога половина милион луѓе живеат во сиромаштија со 150 денари дневно, гоштевањата на Маричиќ се бесрамни. Но ова не е се. Маричиќ за една година со народни пари платил, или ако сакате испил, 43 илјади кафиња од кафулето во сопственост на лице блиско на Зоран Заев. Ова е само потврда дека власта на СДСМ троши безмилосно, додека народот гладува и едвај врзува крај со крај се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче