ВМРО-ДПМНЕ: МАНУ да ни се придружи во барањето до Заев, јавно да каже што договарал во Софија

Од:

„МАНУ потврди дека Заев не ги консултирал, ниту пак имаат каква било информација што договорил на средбата во Софија.

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од незаинтересираноста на Претседателот на МАНУ кон прашања кои задираат во највисоките државни и национални интереси. Само да се констатира дека МАНУ не поседува никакви информации околу договорот и да се кренат раце, односно да не се пројави никаков интерес какви отстапки прифатил Зоран Заев во својство на Премиер е во најмала рака недозволиво.

МАНУ како врвна научна институција која треба да се грижи за државните и национални интереси мора да го оправда својот статус и да побара објаснување што е договорено, кој дел од учебниците по историја ќе се брише и дали македонската историја е посебна или заедничка со Бугарија.

Доколку МАНУ навистина смее да има став без притоа да не се плаши некој од академиците дека Заев ќе го избрка од работа како што вели Димитров, го повикуваме МАНУ како врвна научна институција која е задолжена за проучување и штитење на македонскиот идентитет, јазик и култура да ни се придружи во барањето до Заев, тој јавно да и каже на јавноста што договарал во Софија.

ВМРО-ДПМНЕ повторува дека се залага и ќе се залага за добрососедски односи со Бугарија и со сите наши соседи, но базирани на взаемно почитување и одговорност, без притоа да биде загрозена македонската држава, народ, култура, историја и јазик“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на МАНУ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски