ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема да дозвили здравството да биде киднапирано од еден криминален клан

Од:

Од ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираат на прес конференцијата на Јагода Шахпаска и соопштението на СДСМ тема здравство.

„СДСМ ќе стори се само за да ја дефокусира јавноста од нивната антидржавна политика и прифаќањето на тиранската платформа кое беше единствениот услов за добивање поддршка од партиите на албанците.

Изборната програма на СДСМ беше поразена на изборите, бидејќи граѓаните ги прочитаа нивните лаги, вклучувајќи ги и лагите во делот на здравството.

СДСМ сака да не потсети и врати во времето кога тие беа на власт и раководеа со Министерството за здравство.

СДСМ сака да не потсети дека во тоа време имаше, не исправни и не соодветни апарати и не совесни политики поради што пациенти се оперираат по ходници, бебиња и мајки кои умираа од недостиг на гинеколози, немаше завои за рани по болниците, луѓето се лечеа во руинирани здравствени установи.

Во врска со обвинувањата на Шахпаска мораме да и разјасниме дека секое возило е опремено со централен систем за кислород и дополнителен приклучок за кислород, приклучок за напојување 12V и 220V. На овие приклучоци можат да се приклучат сите медицински апарати. Посебен приклучок за инкубатори не постои.

Во прилог од сликите кои Ви ги праќаме можете да ја видите разликата во грижата и набавката на медицинска опрема откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт и во времето на СДСМ.

Кога СДСМ раководеше со здравството доеничката смртност беше за 40% поголема од денес.

Вака изгледаше здравствениот систем во Македонија кога СДСМ беше на власт.

СДСМ за 4 години не набави ниту еден нов апарат и го остави здравството на најниските гранки во Европа. СДСМ го остави македонскиот здравствен систем како последно рангиран и најлош здравствен систем во Европа.

Денес како резултат на реформите и проектите на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ македонското здравство е помеѓу најдобрите во регионот и Европа.

Според европскиот здравствен потрошувачки индекс, македонското здравство е подобро рангирано од поголем број развиени европски земји и земји од регионот меѓу кои: Италија, Ирска, Унгарија, Полска, Литванија, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Црна Гора.

СДСМ секоја набавка на нов апарат ја гледа како можност и алатка за богатење на нивните функционери и роднини.

СДСМ нема да формира Влада, за да не се дозволи Вице Заев да биде главен добавувач во здравството, а тендерите да се делат помеѓу таткото, братот, чичкото и тетката на аболицираниот Заев.

Македонија нема да дозволи здравството да биде киднапирано од еден криминален клан“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски