ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е рекордер во регионот по смртност на милион жители од коронавирусот

Од:

„Неспособната и неодговорна власт на Заев лошо ја менаџира здравствената криза. Македонија е рекордер во регионот по смртност на милион жители од корона вирусот. Македонија е меѓу првите и по број на заразени граѓани на милион жители.

Македонија има огромен број заразени здравствени работници кои се оставени со недоволен број заштитни средства, маски, ракавици и опрема.

Македонија има исклучително малку тестирања со што нема јасна епидемиолошка слика за тоа кои мерки и кои идни чекори треба да се превземаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во време кога граѓани се заразуваат и ги губат животите, наместо инвестиција во засилено тестирање, на СДСМ им е побитно да набавуваат октоподи, лигњи, виски, апетисани, шампањи и бурбони. Наместо да спроведуваат конкретни здравствени мерки базирани на масовни тестирања и јасна епидемиолошка слика, власта набавува сортни вина и кафиња.

Затоа постои сериозна загриженост дека криминогеноста и лакомоста на функционерите на СДСМ ќе бидат нивниот примарен мотив и натаму во носењето на одлуките. Наместо мерки во полза на граѓаните ќе бидеме сведоци на криминални тендери и обиди за профитерство.

Расипничкото и неодговорно однесување на СДСМ мора да запре. Власта треба интересот на граѓаните да го стави пред се“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски