ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е најзадолжена во историја, најсиромашна, најнесреќна и најкорумпирана во Европа, а Заев бесрамно јаде од златни лажици

Од:

„Дури фамилијата на Зоран Заев јаде со златен прибор кој чини над 50 000 евра, над 54.000 лица останаа без работа за само една година, а уште 50.000 други работници не земаат редовно плата.

Заеви уживаат во луксуз и златни лажици кои вредат цело богатство дури половина милион граѓани на Македонија живеат во сиромаштија со две евра на ден“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Да биде безобразието поголемо Заеви се фалат со своето богатство стекнато со матните зделки и тендери во време кога народот нема ни за леб, кога десетици илјади семејства на тутунари, лозари, оризари не можат да си ги земат тешко заработените пари.

Се дури е Заев власт до тогаш ќе гледаме како Македонија тоне. Дури тој ужива во златниот прибор, Македонија е најзадолжена во историјата, најнесреќна, најсиромашна и најкорумпирана држава во Европа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски