ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа

Од:

„Македонија е државата со најзагаден воздух во Европа, а владата на СДСМ не превзема ништо да го реши овој проблем со кој што се соочуваат граѓаните.

Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев не ја интересираат животите на илјадниците македонски граѓани кои се директна жртва на енормно загадениот воздух.

Наместо да се преземат конкретни мерки кои ќе ја намалат загаденоста, тие спијат или играат игрици.

Македонскиот народ знае дека актуелната власт нема ниту капацитет, ниту волја да го реши овој проблем.

Македонија е во прашање, затоа граѓаните треба да ни се придружат денес на протестот во 17 часот, за што побрзо да го порази и СДСМ и Зоран Заев и црните политики наметнати со оваа црна власт за една намена“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС