ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата се што фати или искраде или запусти, Македонска пошта е новиот бонбона бизнис

Од:

„Мафијата на власт на чело со Зоран Заев очигледно е тргната во целосна распродажба на Македонија. Последна во низата најави е продажбата на Македонски пошти. Откако ја ликвидираа Еуростандард банката преку кој се вршеше платниот промет, ликвидноста на Македонски пошти е во слободен пад. И сега мафијата на власт најлесно им е да направат некој нов бонбона бизнис, да продадат државна сопственост и така да купат уште некој месец социјален мир“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овие 4 години власт ништо не изградија, ниту еден посериозен инвеститор не донесоа, ама први се да направат некоја распродажба. Во оваа линија им е и намерата да го распродадат целокупното државно земјиште, која ја објави Зоран Заев и на тој начин да ја заокружат идејата за упропастување на Македонија.

Економски Ја клекнаа Македонија на колена. Над 40.000 лица останаа без работа, создадоа 1 милијарда евра нов долг, а во второто тромесечие бележеа пад на БДП од 12,7%.

Се што фати мафијата на власт или го искраде или го запусти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски