ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе заболуваат и умираат од корона, а мафијата на Заев мува не ја лази – се забавува по кафулиња

Од:

„Македонија е црна дупка во Европа во однос на справувањето со корона вирусот. Според Би-Би-Си Македонија е црн рекордер по смртност. И последното деноноќие државата бележи црн биланс, односно над 15% од тестираните се заразени, а четворица се починати. Од почетокот на епидемијата заразени се 18.873 лица, а починале 760. Згора на се, мафијашите на власт ниту знаат ниту умеат да спроведат мерки кои ваквата состојба ќе ја подобрат или спречат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За политички цели промовираа нова нормалност и декларираа дека Македонија го победиле вирусот, за сега кога ситуацијата ескалираше да бараат вина во народот и во секој друг, само не во самите себе. Сето тоа е резултат на неспособноста и неодговорноста на мафијата на власт.

Мафијата на власт се грижи само за личното богатење. За нив ваквата катастрофална состојба е само обична статистика, која уште без срам сакаат да ја прикажат како успешно справување со вирусот. Луѓе се разболуваат и умираат, а тие отвораат си тераат забави во кафулиња, како во случајот од пред некој ден во Кочани.

Македонија тоне од ден во ден. Не само поради здравствената криза, туку и поради последиците од неа. Образованието е во хаос, а економијата ни е во слободен пад, народот осиромашува, а мафијата на власт мува не ја лази“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски