ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе умираат, Заев и министрите се возат со хеликоптер

Од:

Во Прилеп денеска Зоран Заев ни помалку или повеќе пристигна со хеликоптер.Во Прилеп имаме 333 наши сограѓани, наши соседи,роднини и блиски луѓе починати и повеќе од 7100 заболени од Ковид-19, за ниту еден од нив не полетал хеликоптер, но затоа хеликоптер се крена за Заев и Филипче – вели Петар Ристески пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е невиден скандал и срам. Заев и Филипче возат мотори и кога умираат по 30 луѓе на ден, министри шетаат во Дубаи и Мексико, кога тука луѓето се борат за живот, а сега летаат со хеликоптери на државна сметка. Едно летање на хеликоптер чини колку стотици вакцини и други потребни медицински материјали. Но, Заев и Филипче наместо за борба против КОВИД19 пари трошат за летање со хеликоптер за одење за Прилеп“- рече Ристески.

Тој уште вели дека и нема како поинаку да дојдат бидејќи изградбата на патот Градско – Прилеп ја прекинале и сега истиот како што рече е небезбеден, а фирмата „Рубау“ си заминала, затоа што вели Ристески, Заев и Сугарески барале провизија.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?