ВМРО-ДПМНЕ: Љупчо Николовски да каже дали брат му и неговата фирма се вмешани во шверцот на 5 камиони на тутун

Од:

„Царинската управа призна дека е извршен нелегален увоз на 5 камиони на тутун во Македонија. Увозот го направила фирмата Студенац Шред која немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи.

Како тогаш 5 камиони тутун влегле во Македонија? Ова не може да биде само пропуст на дежурните цариници“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„За 5 камиони со нелегален тутун да поминат граница потреба е огромна логистика, а таа логистика може да ја обезбеди само врвот на власта.

Газдата на Студенац Шпед е близок пријател на братот на Љупчо Николовски. Дали Љупчо Николовски влијаел да се увозе нелегалниот тутун во Македонија?

И дали братот на Љупчо Николовски е вмешан во нелегалниот увоз на тутун? Зошто и после една година откако е увезен тутунот, а истиот е увезен нелегално нема постапка од страна на ЈО?

Луѓе одат во затвор за шверц на десетина штеки цигари, а луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцаат пет камиони тутун и се шетаат на слобода“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски