ВМРО-ДПМНЕ: Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал

Од:

Каков крај! Отсуството на срам е одлика на вакви луѓе. Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал. Ако некој знае што значи „повисока плата“, тоа се токму тие што си делеа бонуси, награди и привилегии додека обвинителството им се распаѓаше под тежината на сопствените злоупотреби, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста добро се сеќава на времињата кога Ристоска и нејзините колеги користеа службени картички, патувања и дневници со ентузијазам обратно пропорционален од оној со кој работеа предмети.

Од обвинителство кое требаше да биде симбол на борба против криминалот, направија партиска испостава на СДС и ДУИ што соработуваше со луѓе од другата страна на законот.

И сега, истата таа Ленче која го симболизира моралниот пад на обвинителството, како и на времињата во кои со судбината на народот царуваа Заев и Груби, собра храброст да зборува – замислете – „клеветнички кампањи“ и „анимозитет“.

Наместо да се преправа дека е жртва, подобро би било конечно да им објасни на граѓаните колку точно бонуси и награди си исплатила во времето кога Македонија се гушеше во неправда, а тие делеле правда со партиски аршин. Периодот на „правда со дневница“ заврши. Денес е времето на вистинска правда, без бонуси, без партиски заштити и без селективност, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?