ВМРО-ДПМНЕ: Купишта ѓубре, кучиња скитници, добиток, дупки по улиците во Центар

Од:

„Сликата во централното градско подрачје е шокантна.

Купишта ѓубре, кучиња скитници, добиток, дупки по улиците е уште еден доказ за негрижата на градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Животот кој го ветуваше Богдановиќ никако да стигне до граѓаните.

Од ветувањата за зелени оази, редовно собирање на ѓубрето, чисти улици јавноста не може да види апсолутно ништо.
Наместо Центар да тежнее и да се развива во една модерна и урбана средина сведоци сме на негрижа, пустош и диви депонии на секој чекор.

Дали според Богдановиќ вака треба да изгледа една модерна општина?

Дали Богдановиќ има план како да се справи со купиштата ѓубре кои се на секој чекор?

Дали Богдановиќ знае дека во летниот период можноста за зарази е повеќекратно зголемена и е директна опасност по здравјето на граѓаните?

Ваквото однесување од страна на Богдановиќ е недозволиво. Ветувањата кои им ги даваше на Центарци мора да ги исполни.

Оваа ситуација не може и не смее да продолжи до недоглед.

Граѓаните имаат право на здрава животна средина. Центарци заслужуваат модерна и урбана општина“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче