ВМРО-ДПМНЕ: Криминалецот Заев има концесии кон Бугарија, затоа државата ја претвора во приватен пашалак

Од:

„Зоран Заев повторно се однесува со Македонија како да е негов приватен пашалак. Заев уште молчи за она што го соопшти лидерот на ДУИ, односно дека дал Заев понуда до Бугарија без да знае јавноста за што станува збор.

Од што сега се откажа Заев?

Од ден во ден се повеќе губиме. Прво трајно ги загрози позициите на државата, ветувајќи незамисливи работи и стави на маса идентитет, јазик и историја, а сега праќа тајни понуди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали Заев овојпат повторно дава концесии кон Бугарија кои Македонија и идните генерации ќе треба да ги плаќаат?!

Дали во тајните понуди се продава државата на секој можен начин?

Ги ветува ли Заев повторно Телеком, Железници, ТЕЦ Неготино и други доходовни македонски претпријатија во пакет со пазарот за Делчев и јазикот?

Ги продава ли Заев идентитетот и јазикот, а со тоа поклон дава и државни фирми? Кој е бенефитот за Македонија и кој му дал на Заев право да преговара и да ветува се?

Македонија не е приватен пашалак на Заев па да распродава што ќе му текне“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски