ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски немо посматра како Бујар Османи го крши Уставот, на официјални средби говори само на албански јазик

Од:

Молчи Ковачевски, молчи Владата, молчи СДС за грубото кршење на Уставот и на рамковниот договор од страна на Бујар Османи. Молчат затоа што се целосно потчинети на ДУИ и подготвени се да голтнат се, само да се одржат уште некој месец на власт велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Последниот скандал со Бујар Османи покажува дека оваа власт ниту почитува правна држава, ниту владеење на правото. Погазува се што е нормирана одредба во Македонија и за тоа нема никаква санкција. Бујар Османи на состанок со неговиот шпански колега, министерот за надворешни работи единствено говорел на албански јазик, иако согласно Уставот единствен службен јазик за меѓународна употреба во Македонија е македонскиот јазик. Ковачевски сето тоа немо го посматра и ќути. Ковачевски немо гледа како министер го крши Уставот и користи албански јазик во меѓународна употреба и нема да изусти ни збор. Чија држава и дипломатија претставува Османи!? Дали Ковачевски има ингеренции да разрешува министри од ДУИ, или ие не одговараат пред него за нивната работа? Ковачевски е еден тажен лик во Владата кој освен личниот интерес ништо друго не го интересира. Тој не може ни своите министри да ги води, а не пак ќе ја води Македонија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМ НЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник