ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да се охрабри и да излезе на брзи избори без техничка влада

Од:

Пиунот Ковачевски да се охрабри, ајде на брзи избори без техничка влада, а за помалите партии една изборна единица. Доколку Ковачевски има страв со техничка влада, нека не се плаши, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе закон за нејзино укинување, еве му го Оливер Спасовски во МВР ќе му го држи стравот, само нека се охрабри веалт од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ако пиунот Ковачевски верува во тоа што го зборува, тогаш тој нема да чека и ќе излезе на избори веднаш. Помалите партии кои имаа проблем со изборниот модел, ВМРО-ДПМНЕ директно ветува дека ќе поддржи една изборна единица, само нека излезат од владата и да се распишат избори веднаш. Ако ЛДП, ДОМ и ДС се искрени со своите гласачи, тие ќе го прифатат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ја напуштат владата. Една изборна единица е заложба за која зборуваат со години, сега ќе ја имаат, доколку не излезат ќе покажат дека се било само за политички поени, а всушност се декор на мафијата СДСМ-ДУИ, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”