ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да каже зошто до сега неговите функционери не го пријавиле имотот и дали ќе ги разреши

Од:

Ковачевски да каже зошто до сега неговите функционери не го пријавиле имотот и дали ќе ги разреши, или и тој има таен имот па молчи. Функционерите именувани од владата, дел од аферата Тајни имоти, со месеци, а дел и со години не го пријавиле својот имот во ДКСК, односно не поднеле анкетни листови. И со тоа директно го прекршиле законот, а од институциите никој не ги санкционира велат од ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски за обвинувањата од опозицијата за владини функционери кои не пријавиле имот.

– Наместо да побара одговорност Ковачевски и неговите апологети ја пренасочуваат топката кон ДКСК, а од таму пак повикуваат да им се достават имињата. Што прави ДКСК и зошто постои, ако некој друг треба да им каже дека 123 функционери не им доставиле анкетни листови, па сега брзаат да антидатираат и да влегуваат во незаконити дејствија.Од друга страна што прави Ковачевски и зошто не ги разреши? Или ќе молчи, зошто и во партијата негова молчеа за Броило, во кое тој беше фатен во центарот на соларен картел тежок 26 милиони евра се вели соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски