ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов и СДСМ се многу очајни во обидите да ги покријат криминалните и коруптивните скандали

Од:

Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се многу очајни во обидите да ги покријат криминалните и коруптивните скандали во кои тонат од ден во ден. Затоа пресовите мораат да ги полнат со очај, немоќ, лаги и конструкции, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ, преку соопштение.

„Граѓаните јасно го гледаат политичкото силување на правната држава кое и го прават Заев и екипата околу него. Граѓаните видоа и слушнаа за куферите полни со пари од аферата „Рекет“, а одговорност од ликовите Кики, Фрики, Шеки и слични се уште нема. Граѓаните прочитаа дека Зоран Заев бил во контакт со рекетарската група која милиони евра зела од бизнисмени, а за кои се уште не им се знае трагот во чиј џеб завршиле. Граѓаните видоа дека секој кој на оваа власт и опонира е предмет на политички монтиран судски процес.

Впрочем заради ваквата поврзаност на подземјето со владата, Заев се повеќе ја губи поддршката и затоа нервозата во СДСМ пропорционално расте. Со право и членовите на СДСМ кои искрено си ја сакаат Македонија отворено не се согласуваат со погубната и криминална политика на врхушката во нивната партија. С’е за што генерации Македонци се бореа наназад, Заев успеа да го погази, вклучително и делата на Трајковски и Глигоров кои сега Костадинов лицемерно ги користи за да ја манипулира јавноста.

Но народот ве прочита и чека прилика на избори да ве казни. Колку порано, толку подобро за Македонија.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ