ВМРО-ДПМНЕ: Конгресот ќе се одржи на 22 – 23 декември, иницијативата за одложување не доби поддршка

Од:

„Извршниот комитет на вчерашната седница ги осуди нехуманите услови во кои власта ги држи уставобранителите кои политички беа притворени со монтирани обвиненија за тероризам.

Ваквиот однос на властите кон притворените е директно кршење на човековите права и газење на нивното достоинство и претставува уште еден доказ дека не станува збор за правен случај, туку за класична политичка одмазда кон неистомисленици и луѓе кои не се плашеле гласно да го кажат своето несогласување со актуелните политики.

Извршниот комитет одлучи дека партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат, вклучувајќи ги и правосудните органи. Извршниот комитет ги осуди и обидите на полицијата да ги спречи протестите, со закани и провокации, обидувајќи се да го загуши секое изразување на незадоволство. Ваквите акти не водат кон нормализирање на политичката состојба во земјата и излез од актуелната криза.

Извршниот комитет ја разгледа и усвои анализата за одржаните локални избори на која што изминатиов работеше поширок тим. Анализата опфаќа куса, сублимирана верзија за причините за изборните резултати, но и детална обработка на информациите и согледувањата по Општински Комитети. Истата согласно заклучокот на Извршниот комитет, денеска ќе биде презентирана на состанокот на Централниот Комитет.

Извршниот комитет дискутираше и во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери. Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет кој одлучи истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата.

Извршниот комитет ја разгледа и информацијата околу подготовките за одржување на Вонредниот 16 Конгрес кој ќе се одржи на 22 и 23 декември во Валандово“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет