ВМРО-ДПМНЕ: Кого и зошто чека обвинителството и зошто нема истрага за рекетот, за кој со денови пишуваат медиумите

Од:

Има или нема истрага за наводите дека медиумски газда со високи функционери на СДСМ рекетираат фирми и бизнисмени низ Македонија!? Заев и Јавното обвинителство – испостава на СДСМ, мора да одговорат, кој кого лаже и кој кого крие во случајов?, прашува ВМРО-ДПМНЕ, преку соопштение.

„Доколку има истрага од каде му на Заев информации, доколку нема што чека Јавното обвинителство до сега?

Доколку се точни наводите на Јавното обвинителство дека нема истрага тогаш неговото постапување се претвора во комедија, се гонат лица од ВМРО-ДПМНЕ, а не смее да се отвори истрага против функционери на СДСМ. Да не беше трагичнио ќе беше смешно!

Цела држава бруи за рекетот кој го прават неколку партиски функционери на СДСМ со еден медиумски газда, а Јавното обвинителство вели дека истрага се уште нема.

Кого и зошто чека Јавното обвинителство и зошто нема истрага за рекетот, за кој со денови пишуваат медиумите, што треба да се случи за да имаме истрага?

Двојните аршини се само показател дека нема владеење на правото, туку дека политиката одлучува во Македонија. Беззаконието и неказнивоста мора да запре. Одговорност ќе има за сите.“, се вели во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ