ВМРО-ДПМНЕ: Кочи Груби излета од патот, ДУИ е дувлото на криминалот и корупцијата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение вели дека европскиот фронт на власта се издишал како пукнат балон.

„Кочи Груби излета од патот, европскиот фронт ви издиша како пукнат балон. Груби е малку нервозен кога бандитите од ДУИ се фатени на дело како прават упат во М-НАВ и тепаат вработени, не може да ја изманипулира јавноста зошто има снимки и има сведоци, а сепак судот под контрола на ДУИ ги ослободи. Но свесен е Груби дека граѓаните гледаат како се однесува ДУИ и дека страшно ќе ги казнат. ДУИ мисли дека го поседува судството, и врши притисоци, а потврда за тоа стигнаа и од нашите меѓународни партнери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата обвинува дека ДУИ е дувлото на криминалот и корупцијата во Македонија.

„Донаторите на ДУИ се главни добитници на тендерите во институциите каде раководните структури се од ДУИ. Братот на Груби купува дуќан во центар на Скопје по цена од 700 евра м2, како да купува гаража на периферија на Скопје. Внукот на Ахмети не знае што попрво да прави. Од бизнисмен кој ја купи Соравија без денар до полн гепек со петарди. Пука по сите шавови Груби, зошто знае дека крајот доаѓа, затоа што никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

ВИДЕО: Огномет, факели и еуфорија за Артан Груби кој излезе од домашен притвор

Левица: Груби излегува од куќен притвор – дилот меѓу ДПМНЕ и ДУИ за „Бехтел и Енка” си тече!

Заврши куќниот притвор на Артан Груби

Катерина Ѓуровски

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки