ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата Арсовска – ДУИ – СДС се причината зошто Скопје пати и тоне во ѓубре

Од:

Се излегува на површина со тек на време, па така и коалицијата СДС – ДУИ – Данела Арсовска. Коалицијата на Арсовска со СДС и ДУИ одамна ја обелоденивме и одамна народот ја препозна, всушност заради таа коалиција Скопје тоне, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Назначувањето на Јетон Бучи од ДУИ, како и директорите во ЈСП се доказ од кого Скопје пати“, се тврди во соопштението на владејачката партија.

Оттаму тврдат дека ДУИ и СДС како власт ја фатија Арсовска, ја корумпираа и уценија и сега таа е беспоговорен извршител на сите налудничави идеи на ДУИ и СДС меѓу кој е и нивниот плиткоумен план да го остават Скопје да тоне во ѓубре и неефикасни локални градски институции а паралелно да го набедуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е криво за тоа.

„Како што ја распаднаа државата и нејзините институции сега го прават на градот Скопје. На ист начин. Со исти методи и со исти актери со несомнен морален дефект. Е до таму им оди умот на овие бандити, кои се кријат во раководствата на СДС и ДУИ, кои лесно наоѓаат свој извршители по сопствени вредности, имиџ, карактер и критериуми, искористувајќи им ги слабостите и отстуството на морални вредности како во случајот во името на лицето Данела Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија