ВМРО-ДПМНЕ: Kланот Заеви ќе бидат уште еден чекор поблиску до народните пари од буџетот

Од:

Да не е трагична економската состојба во државата и на граѓаните, прес конференцијата на Ацевски би била многу комична, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните се уште не знаат како да ги потрошат парите од укинатата радиодифузна такса, а веќе ќе треба да размислуваат каде да ги насочат парите од проектот Мој ДДВ со кој што едно семејство месечно ќе има поврат од само 156 денари, додека годишно ќе има 1872 денари наместо ветените 30.000 денари со кои ќе требаше да си платат годишен одмор.

Оваа мерка однапред носи негативни последици затоа што ќе го загрози полнењето на буџетот и ќе има контраефект врз исплатата на платите и придонесите на администрацијата и пензионерите, а од неа корист единствено ќе имаат само најбогатите.

Власта доколку сака навистина да им помогне на граѓаните треба да ја укине акцизата на нафтата, да го врати рамниот данок, и да стимулира намалување на цените на мало, како и да се фокусира на реални капитални инвестиции кои ќе донесат бенефит за граѓаните.

А информацијата дека аболицираниот криминалец ќе биде министер за финансии и премиер само ги потврдува стравувањата дека економијата и
понатаму ќе тоне, а кланот Заеви ќе бидат уште еден чекор поблиску до народните пари од буџетот.“, се вели во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ