А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе создадеме национална мрежа на четири нови клинички центри

by А1он09/03/2020 - 09:18150
Share0

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на обнова на македонското здравство. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на целосна обнова на здравството, со квалитетни реформи и мерки кои ќе обезбедат повеќе квалитет, повеќе задоволни граѓани, повеќе здравје за секого.

Следете a1on на Instagram Instagram

Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на капитален проект за воспоставување на национална мрежа на 4 нови клинички центри што ќе подразбира нов квалитет во македонското здравство“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за воспоставување на интегриран систем од 4 клинички центри и тоа:

Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Универзитетскиот Клинички Центар „8 септември“, кој што практично планираме да го трансформираме во Клинички Центар кој е планирано да работи под административна капа на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.

Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Штип што ќе опфати подигнување на нивото на сегашната болница.

Воспоставување на Универзитетска клиничка болница Тетово. ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека со овие 4 центри здравството ќе стане подостапно за граѓаните и ќе се спасат повеќе животи.

Се обврзуваме да смениме голем дел од работите и проблемите кои се наталожувани со години и децении. Ветуваме многу работа, и достоинствени услови.

После 12-ти април заедно ќе ги менуваме работите, и заедно ќе се избориме за обнова која ќе значи повеќе стандарди, повеќе услуги и квалитет во здравството, ќе значи повеќе за секого.

По 12-ти април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира владата ќе донесе обнова на државата врз основа на реални мерки. Обновата доаѓа и обновата победува“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Катерина Ѓуровски16/08/2026 - 10:32

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 10:4210/08/2026 - 10:51

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 11:5601/08/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео