ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање потписи за поништување ако власта не го повлече законот за попис

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе почне процедура за собирање на потписи со кои што ќе се бара поништување на законот за попис, ако власта, во меѓувреме, не го повлече. Од партијата велат дека се подготвуваат документи, кои треба да се поднесат до Министерството за правда за да може да се спроведе акцијата на терен.

Од партијата порачуваат рече дека законот е без методологија и има индиции кои укажуваат дека тој нема да се спроведе како статистичка операција. Акцијата за собирање пописи би била спроведена преку подрачните единици на Министерството за правда.

„Бројот на потпишани нема да биде нешто за занемарување од страна на владејачкото мнозинство. И целта е тоа, да се повлече овој закон и да се донесе закон кој што ќе значи општествен консензус за статистичка операција – попис поддржан од сите“ – велат од партијата.

Од СДСМ пак велат опзицијата да прекине со неразумни блокади, кочења и поларизација и оти пописот ќе биде успешен и со него ќе добијат и граѓаните и државата.

Собраниската расправа за предлог-законот за попис заврши вчера. Законот се очекува да биде на гласање в понеделник.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски