ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува да го блокира законот за амнестија, за кој Собранието веќе најави дека е пристигнат кај спикерот Талат Џафери, потврдуваат за А1он од опозициската пратеничка група.

„Ќе го блокираме законот за амнестија, имаме рок до почеток на седница, бидејќи таа уште не е свикана“, велат за А1он од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно, од партијата се чекаше да се види дали ќе биде ставено Европското знаменце, за евентуално напуштање на работата на Собранието. Но, бидејќи се работи само за скратена постапка, од пратеничката гурпа велат дека ќе сторат се Законот да биде блокиран.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски претходно во изјава кажа дека за него е неприфатливо докажани криминалци да бидат ослободени. Според него, со овој Закон, владата на СДСМ и ДУИ сака да ги ослободи криминалците, бидејќи се надевале дека тие ќе им помогнат во криминални сценарија за изборната кампања за парламентарните и претседателските избори.

Би можело да ве интересира

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?