А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Кирацовски и Зечевиќ се во невозможна мисија, да го прикажат договорот за промена на името како победа

by А1он23/06/2018 - 15:21253
Share0

„СДСМ кажа, СДСМ излажа. Александар Кирацовски и Миле Зечевиќ продолжуваат да ги манипулираат и лажат граѓаните. Кирацовски и Зечевиќ се во невозможна мисија помеѓу членството на СДСМ да го прикажат капитулантскиот договор за промена на уставното име на Македонија како победа.

Следете a1on на Instagram Instagram

Се што вети Заев за договорот излажа, гарантираше непроменет Устав, јазик и нација, се колнеше во своите предци и идни генерации и повторно излажа. Сега Кирацовски и Зечевиќ се во одбрана на својот шеф Заев со уште лаги кои ќе им ги сервираат на граѓаните.

Договорот со Грција е акт со кој се брише македонската историја, име, јазик и нација, се она кое Заев ветуваше дека ќе остане непроменето. Со капитулантскиот договор се брише се што е македонско, се брише Македонската Академија на Науките и Уметностите, се брише Македонски Народен Театар, Археолошки музеј на Македонија, се брише придавката македонски во својата изворна смисла. Останува прашањето за што се изборил Заев и СДСМ, за каква победа говорат?

Тие немаат право да говорат за земјоделците на кои се уште им немаат исплатено оштета, на оние граѓани на кои им ветуваа поголеми субвенции и повторно ги излажаа.

Следете a1on на Youtube YouTube

Кирацовски и Зечевиќ немаат право да говорат за инфраструктурни проекти, кога единствено се китат со туѓи перја и се фалат со проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Реализацијата на капиталните инвестиции за 2018 година изнесува катастрофални 10.9 проценти за првиот квартал, што значи дека нема, не се реализираат нови капитални инвестиции во инфраструктурата и дека ветувањето за 500 километри автопат беше единствено уште една шарена лага на Заев и СДСМ.

Нема да ви помине, граѓаните нема да дозволат да бидат излажани од картелот на власт, на кој не му беше доволно богатењето на грбот на граѓаните па се одлучи и на распродажба на државните интереси“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Александар Кирацовски.

dpmneimetosdsm

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:30

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 13:07

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он12/09/2026 - 12:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео