ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е продолжена рака на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Катица Јанева.

„Катица Јанева е новиот Петре Шилегов. Со последната скандалозна изјава дадена во ЕУ-Инфоцентарот во Скопје се промовираше во најверен поданик на аболицираниот криминалец Зоран Заев, кој лаже и клевети, давајќи политички изјави и квалификации.

Катица Јанева е срам за правната фела. Веќе нема дилеми дека таа не работи по закон, непристрасно и професионално. Катица Јанева е продолжена рака на СДСМ. Катица Јанева нема никаков професионален интегритет и кредибилитет. Затоа поддршката што ја има не оди подалеку од Бихаќка и од штабовите на СДСМ.

Ако Катица Јанева навистина гонеше криминал, нејзиниот наредбодател Зоран Заев одамна ќе беше во затвор.

Катица Јанева има нарачка и цел да го оцрни и ослаби ВМРО ДПМНЕ, како партија која секогаш застанувала на браникот на државните и национални интереси. Истата цел ја имале многумина пред неа и не успеале. Нема да успее ниту Катица Јанева“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус