Дали повратници од ИСИС и членови на нарко кланови не се на листата на „Безбеден град“ прашува ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Со Оливер Спасовски на чело на МВР, Македонија се претвори во башибозлук. Беззаконието владее, криминалците и мафијашите хараат, полицијата е нем сведок, а не ретко и им дава заштита на оние кои го кршат законот. Затоа во Македонија се случуваат ликвидации среде Скопје, затоа дилери се фотографираат со функционери од власта, а мафијаши се сликаат во кабинети велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Спасовски бега од јавноста и не дава одговори, иако е најповикан за ваквата ситуација во државата. Тој треба да одговори дали е извршен претрес во домот на пријателот на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски кого целата јавност го виде како пука со калашников? Спасовски треба да каже како лице кое има криминален беграунд и е дел од листата за проверки “Безбеден Град“ добило дозвола за пиштол? Спасовски треба да одговори дали има повратници од боиштата во Сирија и Ирак кои биле дел од ИСИС и АЛ-КАЕДА кои не се дел од листата Безбеден град? Дали Спасовски е свесен дека ваквите лица може да се сериозна закана за безбедноста? Дали и членови од нарко бандите во Скопје, намерно се испуштени од оваа листа, затоа што некому во полицијата тоа му одговара така? Дали Спасовски сузбива диви продавачи на марули на пазари и апси лица со воздушни пушки, а сериозни криминалци не се дел од мерките на полицијата? Што уште треба да се случи овој човек да си поднесе оставка се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му