ВМРО ДПМНЕ: ЈП Лајка не демантира судир на интереси, ДКСК да поведе постапка и да утврди колку пари се испумпани со судир на интереси

Од:

Од ВМРО ДПМНЕ преку соопштение реагираат на демантот на „Лајка“, на прес конференцијата на Стефан Кирков од ВМРО ДПМНЕ.

„ЈП Лајка не демантира судир на интереси, ДКСК да поведе постапка. УО на ЈП Лајка е полна со луѓе кои се членови на управниот одбор, но и вработени или ангажирани во други институции кои даваат услуги на ЈП Лајка.

Савовски и Илиевски можат да влијаат на процесите и договорите за набавка и затоа или не треба да бидат дел од УО на ЈП Лајка или да не даваат услуги на претпријатието.

ДКСК да отвори случај и да провери колку пари се испумпани од ЈП Лајка преку судир на интереси. Начинот на кој што работи ЈП Лајка е начин на кој што работи СДСМ, со судир на интереси и злоупотреба на парите на граѓаните“, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ