ВМРО-ДПМНЕ: Јовановски ја демантираше опозицијата

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски оценува дека тој ја демантирал опозициската партија.

Она што тие денес го окарактеризираа како препишување на програма, впрочем се мерки кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги спроведува далеку порано, уште пред СДСМ да ја превземе и прикаже како свој проект. Мерката за привремено ослободување од плаќање на данок на камата на штедните влогови се спроведе во 2007 та година, во 2009 та година, во 2011 година и сега во 2012 година, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува ослободувањето на данок на капитална добивка, се вели во реакцијата, стопанството веќе беше ослободено во 2001 година, кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше одговорноста со управување со економијата.

Во однос на долговите треба да се знае дека повеќе од половина од средства што идната година ќе бидат исплатени, се долгови направени во времето на Бранко Црвенковски и СДСМ. Затоа она што сакаат да го прикажат како анализа на Зоран Јовановски, е всушност шпекулација и невистина, истакнува во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела